ФОТО | Која е сопругата на британскиот премиер? Побогата е и од кралот Чарлс Трети

Риши Сунак и Акшата Мурти/Фото: Профимедиа

Лидерот на британските конзервативци Риши Сунак од вчера и официјално е премиер на Велика Британија. Тој доаѓа на оваа позиција откако Лиз Трaс поднесе оставка минатата недела, а нејзиниот претходник Борис Џонсон реши да се повлече од трката за прв човек на Конзервативната партија.

Главниот поддржувач на Риши Сунак во борбата за местото премиер на Велика Британија беше неговата сопруга Акшата Мурти.

Откако Риши Сунак стана премиер на Велика Британија, очите на светската јавност се свртеа и кон неговата сопруга Акшата Мурти. Која е сопругата на првиот човек на Даунинг стрит?

За почеток, новиот британски премиер и неговата сопруга ќе бидат најбогатата двојка што некогаш се преселила во Даунинг стрит, на крајот на оваа недела.

Фото: Профимедиа

Саманта Камерон, сопругата на поранешниот премиер Дејвид Камерон и „првата дама“ на Велика Британија од 2010 до 2016 година, исто така се најде на насловните страници поради огромното богатство што требаше да го наследи, пишува „Блиц“.

Но, наследничката на милијардерот Акшата (42) е побогата и од самиот британски крал поради уделот од 430 милиони фунти во ИТ империјата на својот татко, пишува „Дејли мејл“.

Риши (42) и неговата сопруга, исто така 42-годишна, како и нивните ќерки Кришна и Анушка, ќе бидат првото хинду семејство што ќе престојуваат во премиерската куќа.

На многу начини, овој пар ќе промени своевидната традиција во Британија.

Премиерот и неговата сопруга имаат 730 милиони фунти

Риши Сунак доживеа метеорски подем во кариерата во последните седум години. За време на претходните интервјуа, тој често зборуваше за својата сопруга, ќерката на индискиот ИТ магнат Нарајана Мурти, кој е сопственик на компанијата „Инфосис“ со седиште во Бангалор.

Заедно, Сунак вредат 730 милиони фунти, објави „Сандеј тајмс“ во мај. Првата двојка од Велика Британија, заедно со кралот Чарлс Трети и кралицата сопруга, штотуку се најдоа во центарот на вниманието на јавноста, а веќе ги преплавија светските портали.

„Јас сум многу педантен, мојата сопруга е толку неуредна. Ах тие чевли…”

Во интервјуто за „Тајм“ во август, Риши им даде на гласачите увид во неговиот брак. Тој рече: „Сите во моето семејство пијат, мојата сопруга дефинитивно пие. Многу ја иритира што не пијам“.

Како што додал, се обидел да ја промени таа навика пред венчавката во Индија во 2009 година, но не му се допаднал вкусот на пијалакот.

Напоменал дека тој и неговата сопруга се многу поврзани, па и слични, со важни разлики кои ги делат.

„Неверојатно сум педантен, таа е многу неуредна. Јас сум многу поорганизиран, таа е поспонтана… нема да ѝ се допадне што го реков ова, но ќе бидам искрен, таа не е многу добра во средување. Таа е тотален кошмар, облека насекаде… и чевли… О, Боже, чевли“, рекол британскиот премиер со шеговит тон.

Поранешната модна дизајнерка Акшата Мурти и нејзиниот брат Рохан главно биле одгледани од нивните баба и дедо, додека нивната амбициозна мајка и татко се занимавале со инженерство и наука.

Додека нејзиниот татко Нарајана го основал „Инфосис“ и го стекнал своето богатство, мајката на Акшата, Суда, станала првата жена инженер што работела за најголемиот индиски производител на автомобили TELCO.

Фото: Профимедиа

Импресивното образование на првата дама на Британија, вљубеничка во модата

Уште од раното детство, Акшата имала страст за модата и се сеќава дека нејзината мајка ја карала затоа што посветувала повеќе внимание на гламурот отколку на студиите. Но, таа не го запоставила образованието.

По завршувањето на средното училиште, Акшата се преселила во САД, каде што дипломирала економија и француски на Колеџот за француски во Клермонт Мекена во Калифорнија, а потоа студирала на Модниот институт за дизајн и трговија во Лос Анџелес.

Кога отишла на постдипломски студии на Универзитетот Стенфорд, го запознала својот иден сопруг Риши, кој студирал на врвен колеџ откако добил Фулбрајт стипендија.

Риши неодамна призна дека „очигледно имало нешто“ кога тој и Акшата првпат се сретнале.

Четири години подоцна, во 2009 година, тие се венчале на раскошна церемонија во Бенгалуру, Индија и таму живееле во следните четири години.

Акшата ја продолжила кариерата во модата и започнала сопствен бизнис во 2007 година, „Акшата дизајн“, заснован на славењето на индиската култура, откривањето уметници во оддалечените села и работењето со нив и нивните дизајни за тие самите да создадат сопствен бизнис.

„Се грижам да направам нешто во Индија, за Индија, бидејќи тоа е ДНК на моето семејство“, изјавила таа во една прилика за „Вог“.

Меѓутоа, нејзиниот деловен потфат пропаднал по само три години. Без оглед на тоа, таа задржала удел во повеќе компании, вклучувајќи ја и онаа на семејната империја, „Инфосис“ и проектот што таа и Риши заедно ја основале, Catamaran Ventures UK. Таа соработувала со „Пицерија“ на Џејми Оливер и со компанијата „Њу и Лингвуд“.

Фото: Профимедиа

Империјата за недвижнини на првиот пар на Британија

Риши Сунак и Акшата Мурти се преселиле во Велика Британија во 2013 година, каде што тој две години подоцна станал пратеник за Јоркшир.

Парот сега живее во градска куќа од 7 милиони фунти во Кенсингтон со своите ќерки, и тоа е само една од неколкуте недвижности што ги поседуваат.

Освен градската куќа, тие уживаат и во стан од 1 милион фунти во Кенсингтон и во вила од 2 милиони фунти во изборната единица во Јоркшир на Риши. Тие имаат и пентхаус од 5,5 милиони фунти во Калифорнија, со поглед на пристаништето Санта Моника, каде што престојуваат за време на празниците.

Даночната афера на првата дама на Британија

Акшата во повеќе наврати стана предмет на јавни дебати – и во однос на нејзиното богатство и во однос на модните избори.

Таа се најде на насловните страници на почетокот на оваа година поради нејзиниот даночен статус со седиште (недомашен), што е легален начин да се избегне плаќање данок на Британија на приходите во странство. Овој статус често го користат многу богати луѓе за да заштедат илјадници или дури милиони фунти данок.

Се верува дека најголемиот дел од богатството на Акшата доаѓа од компанијата „Инфосис“. А, откако беше откриен нејзиниот даночен статус, парот се соочи со интензивни реакции во јавноста, што доведе до тоа Акшата на крајот да се откаже од тој статус и да вети дека ќе плати данок во Велика Британија за богатството што го донела од целиот свет.

„Стана јасно дека многумина сметаат дека тоа не е компатибилно со улогата на мојот сопруг како канцелар. Го разбирам и го ценам британското чувство за правичност и не сакам мојот даночен статус да го попречи мојот сопруг или да влијае на моето семејство“, изјавила таа.

Фото: Профимедиа

Од неверојатно скапа до скромна облека за кампања

Акшата Мурти го привлече вниманието и со својот многу скап стил, кој вклучува патики „Гучи“ од 445 фунти, палто „Валентино“ од 1.630 фунти и кожено здолниште од 1.000 фунти, кое го носеше на вечера со својот сопруг во луксузниот Мејфер.

Меѓутоа, за време на првата лидерска кампања на Риши во летото 2022 година, во која загуби од Лиз Трас, Акшата се појави во скромна облека.

Риши Сунак: Човекот кој ги изгуби изборите од Трас е нејзин наследник на премиерската функција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот