Џина Шумахер - Фото: Инстаграм/ЏинаШумахер

ФОТО | Ќерката на Шумахер првпат проговори за периодот по несреќата на татко ѝ – „Тоа ми беше единствената утеха“

Ќерката на седумкратниот шампион во Формула 1 откри како пронашла мир по тешкиот период и зборуваше за својот татко.

Јавноста го нема видено Михаел Шумахер уште од неговата тешка несреќа која се случи пред 13 години. Страшниот и несреќен период што следуваше по падот за време на скијањето, по што на шампионот му беше скршен черепот и претрпе трауматични повреди на мозокот, беше исклучително тежок за неговото семејство.

Сега, првпат за тоа време проговори неговата ќерка, Џина Шумахер, пренесува германски „Билд“.

џина шумахер

Мистерија околу здравствената состојба

55-годишниот Шумахер несреќата ја доживеа на семеен одмор во Мерибел, Франција. Тогаш падна во кома и имаше две операции на мозокот. Каква е неговата здравствена состојба денес, знаат само неговите најблиски, а оттогаш тој никогаш не е виден во јавноста.

Последните информации од почетокот на оваа година сугерираат дека Шумахер повеќе не е прикован за кревет, туку е во инвалидска количка и може да се движи низ својот имот на Мајорка и во резиденцијата на Женевското Езеро. За него се грижи сопругата Корина, со која е во брак 30 години, заедно со тим медицински лица кои го надгледуваат 24 часа дневно.

Џина Шумахер – Фото: Инстаграм/ЏинаШумахер

Коњите како спас

Џина-Марија Бетке (27) денес е една од најдобрите јавачки во светот во дисциплината „вестерн“, а токму во таа страст пронашла утеха.

„По несреќата на тато, навистина се внесов во тоа бидејќи морав да правам нешто. Коњите отсекогаш беа важни, но оттогаш … едноставно не можев без нив. Ми помогнаа да пребродам сè. Благодарна сум што можам да го правам ова, бидејќи тоа не е нешто што се подразбира“, вели Џина во претстојниот документарец.

Таа веќе има освоено повеќе светски и европски титули во својата дисциплина.

„Моите родители ми го овозможија ова. Затоа ми беше важно напорно да работам за да бидам што е можно подобра“, додава таа.

Џина Шумахер – Фото: Инстаграм/ЏинаШумахер

Корина за Михаел: „Беше потполно во право“

Во документарецот се појавува и нејзината мајка Корина, која се присети на зборовите на Михаел додека Џина била дете:

„Михаел еднаш ми рече, кога Џина имаше само десет години: ’Џина ќе биде многу подобра од тебе. Затоа што е посебична. Ако си спортист, мора да бидеш себичен на одреден начин, инаку ништо нема да постигнеш.‘ Денес мислам дека беше потполно во право.“

Покрај спортските успеси, Џина пред една година го роди своето прво дете со сопругот Иан Бетке, со кого се венчаа во септември 2024 година во луксузната вила на Мајорка. До ден-денес не е познато дали нејзиниот татко присуствувал на свечената церемонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот