ФОТО | Ким Кардашијан се пофали со импресивно уметничко дело насликано од нејзината ќерка Норт Вест: Твитерџиите ја нападнаа дека лаже!

Instagram/Profimedia
Instagram/Profimedia

Најпознатата ријалити ѕвезда, Ким Кардашијан (40) објави ново „стори“ на својот инстаграм – профил во која покажа слика насликана од нејзината 7-годишна ќерка Норт Вест, а потоа обожавателите ја обвинија дека тоа не е оригинално дело на нејзината ќерка.

instagram/printscreen

Таа во описот напиша „Мојот малечка Норт е уметник!“, но веднаш по објавата се отвори онлајн дебата дали тоа навистина е дело на Норт.

Пријателка на семејството Кардашијан, Трејси Мулос упати остар апел до сите што се сомневаат во делото на малата и талентирана Норт.

Пријателката на Ким, Трејси Ромулус, чија ќерка Рајан е најдобра пријателка со малечката Норт застана во одбрана на Ким.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Таа вели дека девојчињата заедно посетуваат часови по сликарство заедно и дека нивните дела се оригинални.

„Мразам што треба да коментирам, но возрасни личности вложуваат толку многу енергија прашувајќи се дали мојата ќерка и нејзината најдобра пријателка навистина ги нацртале сликите кои ние гордо ги споделивме како родители.

Но, двете девојчиња одат на час по уметност заедно и учат техники од инструктор. Тие минуваат седмици работејќи на една единствена слика и се неверојатно горди кога ќе го завршат процесот. Следат одреден пример, но нивните дела се оригинал, почнуваат од празно платно и секое дете има своја интерпретација.

Ве молам престанете со негативните критики и со вашите коментари околу способноста на моето дете. Луѓето како вас ги спречуваат децата да сонуваат големи соништа и да го постигнат својот целосен потенцијал“, напиша Трејси на својот инстаграм – профил револтирана од коментарите.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Но, тоа не беше доволно да ги убеди хејтерите иако Ким сподели и фотографија од делото на Рајан, другарката на Норт со која задно одат на часови по сликање.

Дел од фановите пронајдоа неверојатна сличност со дело на познатиот уметник Боб Рос укажувајќи на тоа дека се работи за позајмено дело под кое е само потпишана малата Норт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bob Ross Fan Page (@bob_ross_)

Иако можеби сепак се работи за природен талент што не е случајност кај многу деца на нејзина возраст „твитерџиите“ одбија да веруваат.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот