ФОТО | Кејт Мидлтон беше главна ѕвезда на премиерата на „Top Gun: Maverick“

Фото: ЕПА

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам беа гости набританската премиера на филмот „Top Gun: Maverick“ на плоштадот „Лестер“ во Лондон во четвртокот вечерта заедно со ѕвездата на филмот, Том Круз.  На црвениот тепих, Кејт носеше црна тоалета од модната куќа „Roland Mouret“, со бело деколте до рамениците со нејзината препознатлива пуштена коса, но сокриена зад нејзините уши, за да ги истакне обетките.

Во меѓувреме, принцот Вилијам продефилира со класичен црн смокинг и машна, но темата на ноќта беа неговите чевли. Носеше мокасини „Crockett & Jones“ извезени со авиони „F18“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trending in Town (@trending_intown)

Вилијам, кој и самиот беше пилот на хеликоптер во Кралското воздухопловство и Кејт беа запознаени со други членови на актерската екипа, како Џенифер Конели која ја игра Мајлс Телер.

Во еден момент во ноќта, Круз и ја подаде раката на Кејт додека таа се качуваше по неколку скали.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DM_Stil (@dm_stil)

Премиерата во Лондон нема да биде првпат принцот Вилијам (39) и Кејт (40) да го гледаат долгоочекуваниот филм. Војводата и војвотката од Кембриџ, наводно, биле почестени на специјална проекција на продолжениетона покана на Круз, кој слушнал дека Вилијам е обожавател на оригиналниот филм од 1986 година.

„Имаме многу заедничко“, рече Круз принцот Вилијам на премиерата, според „My London“. „И двајцата ја сакаме Англија и двајцата сме авијатичари, обајцата сакаме да летаме“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот