ФОТО | Катарина Ивановска има нова симпатија: Манекенката објави и фотографии од шармерот кој ја освои

Фото: Принтскрин / Instagram

Нашата позната манекенка и модел, Катарина Ивановска многу малку открива за својот приватен живот, а на социјалните мрежи воглавно објавува фотографии од дамнешни професионални фотосесии, патувања и секојдневни моменти поминати со пријателите и нејзините деца.

Една од последните објави кои која манекенката ги сподели на својот инстаграм – профил го привлече нашето внимание.

Фото: Принтскрин/Инстаграм


Ивановска ни откри кој е нејзина нова симпатија. Ни помалку, ни повеќе се работи за канадскиот глумец, режисер, сценарист и музичар Рајан Гослинг. Русокосиот убавец „ја шармирал“ манекенката, но иако се работи за симпатија на далечина никогаш не се знае.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Гослинг за кратко време стана еден од најпосакуваните мажи и застана во редот со Бред Пит, Џорџ Клуни и многу други кои претходно ги освојуваа холивудските топ листи за убавина, а сега ја шармираше и нашата Катарина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот