ФОТО | Каролина Гочева: „Добив куп пораки, за момент си помислив и дека стварно ми е роденден“
Нашата пејачка Каролина Гочева иако не е многу активна на социјалните медиуми секоја нејзина објавена фотографија нејзините фанови ја проследуваат со внимание, а вчера на првиот ден од месец март Каролина беше најактуелна.
Каролина објави фотографија, а како што напиша на својот инстаграм – профил фановите ја преплавиле со пораки:
– Денес (1март) добив куп пораки, за момент си помислив и дека стварно ми е роденден. Сериозно ќе размислам од следна година да си го славам и денешниов „празник“. Па, среќен нека е!
Причината за пораките е еден омилените хитови на македонската публика од Каролина, песната „Први Март“, а вчерашниот ден бројни нејзини фанови го обележаа со оваа песна.
Каролина на последната фотографијата носи црни фармерки, блуза и капут. Изгледот го заокружилa со спортски патики и мини елегантна чанта од брендот „Jacquemus“ која чини околу 665 американски долари.
Спортската елеганција никогаш не излегува од мода, како и бројните хитови на Каролина.
View this post on Instagram
Да се потсетиме колку добро звучи фантастичната нумера: