ФОТО: Кајли Џенер ги згрози обожавателите со својата објава на „Инстаграм“

Instagram
принтскрин - инстаграм

Ријалити ѕвездата и најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер минатата недела побрза да им се пофали на своите 242 милиони следбеници на „Инстаграм“ како изгледаат нејзните нови, долги, вештачки нокти.

Таа на својот инстаграм-профил објави фотографија на која гордо ги покажа новите портокалови нокти со точки кои изгледаат како меурчиња.

Но, се чини дека нејзините обoжаватели не беа воодушевени од нејзиниот избор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)

Изгледаат како габична инфекција“, „Кајли сподели нешто друго, досадно ми е“, „Потсетуваат на кашкавал“, „Едни од најгрдите нокти што сум ги видел“, беа само дел од коментарите под фотографијата која собра повеќе од три илјади „лајкови“.

Џенер неодамна сподели фотографија со своето поранешно момче и татко на нејзината ќерка, Тревис Скот, со што ги потврди гласините дека се повторно заедно.

ФОТО | „Ова го чекавме“: Кајли Џенер со фотографија потврди дека повторно е со Тревис Скот

На Денот на таткото, Кајли повторно објави заедничка фотографија на која позира со Скот и нивната ќерка.

Среќен ден на таткото Тревис. Еден ден не е доволен за да ти се оддаде почит за тоа каков татко си. Толку сме благословени што те имаме…“, напиша таа во описот на фотографијата.

Кајли и раперот Тревис се разделија во 2019 година по само две години љубовна врска. Сепак имајќи предвид дека плод на нивната љубов е ќеркичката Сторми, тие се договориле дека подеднакво ќе се грижат за неа.

Кајли Џенер мета на критики за користење фотошоп: Облините си ги заборавила на „Инстаграм“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот