ФОТО | Јовановски останува во стручниот штаб на Чупиќ, младиот Нечовски во првиот тим на РК Вардар 1961
Ракометниот клуб Вардар 1961 објави дека кондицискиот тренер Матеј Јовановски и во наредната сезона ќе биде дел од стручниот штаб на Иван Чупиќ, откако низ текот на цела сезона прикажа сериозен процес на работа и унапредување на физичката подготвеност на играчите.
Препорачано
Покрај него, промоција во првиот тим со договор на три сезони и шанса за докажување во сениорска конкуренција ќе добие младиот Никола Нечовски кој беше лично селектиран од страна на тренерот Чупиќ и спортскиот директор Владо Недановски.
Промоцијата на Нечовски во првиот тим, треба да биде поттик и за сите останати играчи кои се дел од младинските категории на Вардар, дека со сериозен пристап и напредок може да се стигне и до сениорскиот тим.
Нечовски во наредната сезона, треба да претставува надополнување на плејмејкерската позиција каде Јака Малус и Матео Фадуил ќе го понесат главниот товар.
Во изминатиот период, скопските „црвено-црно“ објавија дека нов договор на една година потпиша Гоце Георгиевски кој ќе ја заврши кариерата во Вардар, а продолжена е и соработката со тренерот на голманите, Марио Келентриќ, до 2028.



