ФОТО | Изминаа 40 дена откако нѐ напушти Панчо од „ДНК“: „40 дена непребол“
Викендов се навршија 40 дена од смртта на Владимир Блажев – Панчо, член на дуото „ДНК“, кој почина по тешка седуммесечна „борба“ како последица од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во трагедијата загинаа 63 лица, меѓу кои и неговите колеги од бендот – Андреј Ѓорѓиески, Сара Пројковска, Ѓорѓие Ѓорѓиев, Филип Стевановски, Александар Коларов, Александар Ефремов, Игор Велков и Мартин Атанасовски, оставајќи неизбришлив печат на македонската музичка сцена и голема тага кај семејствата, пријателите и јавноста.
Препорачано
Панчо со својот талент, харизма и посветеност кон музиката беше еден од најпочитуваните музичари во Македонија повеќе од 20 години.
Особено голема е болката на неговото семејство, сопругата Маја и синовите Андреја и Маријан.
„40 дена непребол“, напиша неговата сопруга на социјалните мрежи обвиена во црнина.

Панчо ќе остане запаметен како музичар со големо срце, кој искрено ја сакаше својата професија, семејството, пријателите и луѓето, тој секогаш ќе живее во срцата на илјадници обожаватели преку неговата музика и се тоа што го остави зад себе.



