ФОТО | Искрена исповед на Ивана Кнез за заблудите на модерниот живот: „Немој да бидеш Ивана“
Македонската модна дизајнерка Ивана Кнез сподели долга и искрена објава на Инстаграм, насловен „Не биди Ивана“, во која отворено зборува за последиците од екстремното внимавање на исхраната, слепото следење трендови и верувањето во „здрави“ алтернативи без доволно истражување. Обраќајќи им се директно на жените, таа ја раскажува својата лична лекција, научена на потешкиот начин.
Препорачано
Во продолжение, нејзиниот пост го пренесуваме во целост:
„Долг пост, од жена за жени, постот ќе се вика „Не биди Ивана“. Минатата година, заслепена од идејата дека не јадам бел шеќер и брашно бело (и нема да ги јадам), а доволно стрвна и зависна од благо, скоро цела година се што јадев беше поврзано со стевија, а додуша и со нишесте кое е присутно веќе во сите млечни производи и сите видови на прашкасти суплементи (пудинг на пример). Како резултат добив исушени тенки црева, комплетна клеточна дехидратација и нарушен метаболизам. Супер е кога одиме со приказната пазам што јадам, арно ама се што лета не се јаде. Наместо мед пошто нели како многу калории има, јас се спржив со вештачки додатоци за кои никој скоро не зборува колку се погубни по човечкиот организам. И како што знаете учам само од мои грешки нели, па така оваа година ќе ја посветам на нега, природна и вистинска храна за да се оправам, со состојки со познато потекло и ништо ама апсолутно ништо вештачко. Биди промената што сакаш да ја видиш, не знам да јадам како човек, ок ќе бројам калории. Не знам што е добро за мене, ок прво ќе истражам, а потоа ќе почнам да консумирам. И најважно од сè ќе се менувам! Не се прифаќам сега бидејќи сега не си се допаѓам. Редно време е да престанеме со себе прифаќањето по цена на нездрави тела, и да престанеме слепо да веруваме на слики и совети по интернет. Прво истражи после пробај, и не биди Ивана, учи на туѓи грешки. Се спремаме за на саем немам време за фотосесии сега ќе одиме со вештачка интелигенција ама затоа после саем . со помин нека ви е, ќе ве удавам. Ве сакам, ова ви е мој совет од срце, природното е тоа што ни е најблиску до генетика, да се вратиме на локално производство, да се вратиме на македонски брендови, на пазарче и на кујната дома. И кога внатре ќе си добра, ќе дојдеш кај мене и јас ќе направам да блеснеш и од надвор“.

ПОТКАСТ „Со Ана на ТИ“ | Ивана Кнез: Учев од сопствените грешки, но сама постигнав сѐ!


