ФОТО | Инфлуенсерката Софија Јанева се вери: „Кога помислив дека животот со тебе не може да биде подобар, се случи ова“

Фото: Instagram/ janeva

Софија Јанева, меѓу најследените Македонки на Инстаграм, и нејзиното момче Виктор започнуваат ново поглавје од нивната љубовна приказна. По долгогодишна љубовна врска, нејзиниот партнер романтично ја запроси познатата блогерка на зајдисонце.

Фото: Instagram/ janeva

Младата инфлуенсерка на својот Инстаграм профил, објави неколку фотографии од романтичниот момент, заедно со својот сакан.

Фото: Instagram/ janeva

Според фотографиите направени на локацијата со еден од најубавите погледи, кај браната Козјак, може да се забележи како заљубениот пар со насмевки и прегратки ја прославуваат љубовта и новото поглавје во нивниот заеднички живот.

Фото: Instagram/ janeva

Среќната Софија, која позира со букет црвени рози и црвени и бели балони во рацете, гордо го покажува вереничкиот прстен.

По објавата, заљубениот пар доби честитки од голем број јавни личности, колеги и пријатели, меѓу кои и инфлуенсерките Стефанија Несторовска и Александра Шијаковска.

Фото: Instagram/ janeva

Инаку Софија има 29 години и живее и работи во Скопје. По професија е дипломиран економист, а во слободно време ги споделува своите авантури и патувања на нејзиниот блог „Аdventures with Јaneva“ и на социјалните мрежи, каде има над 30.000 следбеници.

Што прави денеска: Софија Јанева, економистка и блогерка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот