ФОТО | Инфлуенсерката Шијакоска по земјотресот во Битола: Имав паничен напад, мислев дека сум бестрашна, но не е така!

Александра Шијакоска/Instagram
Александра Шијакоска/Instagram

Инфлуенсерката Александра Шијакоска, со 48.000 следбеници, вчера на својот инстаграм-профил по земјотресот кој најсилно се почувствува токму во нејзиниот роден град Битола, искрено споделуваше како се чувствува.

Таа раскажа дека првпат во својот живот доживеала напад на паника и сфатила дека по овој настан поинаку ќе гледа на животот.

Александра Шијакоска/Printscreen/Instagram

Александра Шијакоска/Printscreen/Instagram
Александра Шијакоска/Printscreen/Instagram

 

„Таа глетка на родители како трчаат по скали со дечињата во раце. Застрашувачки. Се јавив кај семејството да видам дали се добри…“, пишуваше Александра Шијакоска за време на земјотресот со епицентар во Лерин, кој силно се почувствува и во нејзината родна Битола, како и во други македонски градови.

Вчера Битола остана будна. По земјотресот кој се почувствува најсилно во овој град, граѓаните седеа надвор плашејќи се од афтершокови, а многумина споделуваа и фотографии од оштетени делови од станбени објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот