ФОТО | Игор Џамбазов и Гуру Харе најавуваат премиера на видеоспот за песната „Пеј“

Фото: Слободен печат

По промоцијата на нивниот албум „Првите триесет“ и многу концерти низ државата, Игор Џамбазов и Игор Атнасовски – Харе, подготвуваат нови изненадувања за публиката.

Изминатиов период тие снимаа видеоспот за песната „Пеј“ од албумот „Првите триесет“, а според фотографиите направени на снимањето можеме да очекуваме уште едно ремек дело. Игор и Харе за првпат соработуваа со еден од најдобрите концертни фотографи кај нас, Стефан Рајхл и како што изјавија за „Слободен печат“ соработката ветува спот кој на поинаков начин ќе раскаже уште една моќна приказна на дуото.

Фото: Стефан Рахл

Наскоро е најавена премиерата на спотот во режија на познатиот фотограф Рајхл, кој со ова зачекорува во водите на видео продукцијата. Сниман е на многу необична локација и гледачите ќе видат нешто што најмалку очекуваат од Игор и Харе.

Следниот чекор на познатото музичко дуо е големиот концерт на 21 октомври во Македонската филхармонија каде концертно ќе го промовираат материјалот од албумот „Првите триесет“ и ќе ги изведат некои од најголемите хитови. Со овој концерт тие ќе ја одбележат нивната 30-годишна соработка, а Џамбазов ќе го прослави својот 60-ти роденден.

Влезниците за концертот можат да се купат преку продажната мрежа на https://mktickets.mk/event/igor-i-guru-hare/

Новиот спот за „Пеј“ ќе биде објавен на јутјуб каналот Guru Hare – YouTube.

ВИДЕО | Игор Џамбазов и Игор Атанасовски – Харе: Направивме музичка „капсула“, која ќе остане и некаде, некој ќе ја чуе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот