ФОТО I Првата дама во „Ретвитни оброк“: Ѓоргиевска правеше и пакуваше храна за бездомници и социјално загрозени лица

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска се вклучи во активноста на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк”, односно подготовка на храна за бездомни и социјално загрозени лица, соопшти Кабинетот на претседателот.

Храната се подготвуваше во кујната на црквата „Гласност”. Согласно со досегашната практика, оброците ќе бидат распределени во текот на претстојниот викенд, кога не функционираат народните кујни.

– Кризата којашто е последица на пандемијата на kовид-19, најтешко се одрази кај овие категории на ранливи граѓани. Оттука, зголемена e потребата i за топол оброк. Да бидеме хумани и солидарни, да им помагаме на оние на кои таа помош им е најпотребна. Да споделиме храна со граѓаните коишто не можат да обезбедат оброк за себе или за своето семејство, истакна Ѓоргиевска.

Додаде дека во активностите на „Ретвитни оброк”, може да се вклучи секој што смета дека може да придонесе.

Неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк” заедно со здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци, „Вистински дела на љубезност” повеќе од пет години, им помага на најранливите граѓани.

Двете организации беа дел и од хуманитарната акција иницирана од Кабинетот на претседателот Пендаровски, „Волонтираме за солидарно општество”, стои во соопштението на претседателскиот Кабинет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот