ФОТО I Објавена првата фотографија на новиот сој на коронавирус: Вака изгледа британската мутација

Научниците од сибирскиот Векторски центар прв пат го фотографирале новиот сој на британската мутација на коронавирус. Примерокот бил изолиран од пациент во декември минатата година, соопштила руската служба за фитосанитарен надзор „Роспотребнадзор“, пренесува „Telegraf.rs“.

Тие навеле дека фотографијата била снимена под електронски микроскоп во рамките на тековно истражување за коронавирус, „вклучувајќи ги неговите структурни карактеристики и манифестации во клеточните култури“.

Фото: rospotrebnadzor.ru

Според последните анализи на МАНУ: Новиот британски сој на коронавирусот не е детектиран во Македонија

Како што е наведено на веб страната на „Роспотребнадзор“  Снимката е добиена со помош на електронски микроскоп, со зголемување од 100.000 пати. На фотографиите е видлива кружна вирусна честичка, со дијаметар од 96 нанометри.

Фото: rospotrebnadzor.ru

Новиот сој на коронавирус е доминантен во Велика Британија, а регистриран е во повеќе од 60 светски земји. Според достапните информации, новиот сој на коронавирусот е позаразен од другите.

Фаучи: Почнаа подготовките за унапредување на вакцината против Ковид-19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот