ФОТО I Кренке аут: Навивачите на Арсенал бараат американскиот газда да си оди

epaselect epa09155672 Arsenal fans stage a demonstration against the club's owner Stan Kroenke outside the Emirates stadium in London, Britain, 23 April 2021. EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Неколку илјади навивачи на Арсенал бараат оставка и заминување на сопствениците на „топчиите“.
Тие се собраа пред „Емирати“ стадионот за да го искажат својот став од неодамнешната одлука на сопствениците да бидат дел од 12 екипи кои ја формираа Суперлигата. Навивачите се гневни на челниците на клубот, а пред се на сопственикот Стен Кренке.

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

„Сакаме да си оди Кренке, сакаме да ни се врати Арсенал“ е една од паролите кои ги извикуваат навивачите на Арсенал.

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Протести организираа и навивачите на останатите пет англиски клубови кои ја формираа Суперлигата, а потоа поради големиот притисок се откажаа од истака.

Ова не е прв пат навивачите на Арсенал да бараат заминување на американскиот газда Стен Кренке, за кого сметаат дека го интересира само профитот, а не резултатите.

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

На протестите реагираше директорот на клубот Џош Кренке чиј татко Стен е сопственик на клубот.
– Можеби некои ќе бидат скептични на моите зборови, но вонаредниот период планирам да воспоставам однос на заемна доверба со нашите навивачи и да им покажам дека сме способни да се грижиме за клубот во иднина. Не прашуваат како ја донесовме одлуката за Суперлигата, а јас на сите им велам дека размислувавме само за едно прашање: Што е полошо, Суперлига или Суперлига без Арсенал? Одлучивме дека втората опција е многу полоша за нас – изјави Џош Кренке.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот