ФОТО I Ангеловски за синоќешната акција во Арачиново: Шест осомничени лица, дел се приведени и одземени се близу два тона марихуана
Министерството за внатрешни работи (МВР) во текот на вчерашниот и на денешниот ден, по добиени оперативни сознанија, а во координација со јавното обвинителство, презема мерки и активности за расчистување на кривичното дело разбојништво извршено ноќта меѓу 3 и 4 декември во склад на правно лице во с. Јосифово, општина Валандово. Притоа се одземени близу два тона марихуана, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.
Препорачано

– По добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и по добиени сознанија извршени се низа претреси во Арачиново, во Горно Мојанци, во Скопје, како и други локации, при што е пронајден дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените. За случајот до сега се осомничени шест лица и за нив се обезбедени докази. Истрагата продолжува и се проширува. Во координација со обвинителството од Гевгелија, преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот, рече Ангеловски.

Двата тона марихуана што во четвртокот беа украдени во Јосифово, вечерва пронајдени во Арачиново


