ФОТО | Хаварија: Брод со 25 тони азотна киселина се запалил во близина на Коломбо

Фото: Твитер

Товарен брод Екс-Прес Перл кој патувал од Индија до Шри Ланка утрово се запали во близина на Коломбо, при што се повредени две лица.

Бродот превезувал 25 тони азотна киселина.

Спасувачите го евакуирале целиот екипаж од бродот крај брегот на Шри Ланка, информира денеска портпаролот на морнарицата на Шри Ланка, Индика де Силва.

Пријавена е експлозија во внатрешноста на бродот, рече Де Силва, додавајќи дека хеликоптер на воздухопловните сили го изгаснал пожарот со сув хемиски прав.

Товарниот брод „МВ Х-Прес перл”, кој пловел под знамето на Сингапур, превезувајќи козметика и хемикалии, вклучувајќи 25 тони азотна киселина, бил закотвен крај брегот на Коломбо кога избувнал пожарот, соопштија денеска властите.

Бродот го напушти пристаништето Хазира во Индија на 15 мај и бил на пат за Сингапур преку Коломбо. Властите во Шри Ланка соопштија дека експерти од Холандија и Белгија го прегледувале бродот, додека соседна Индија ветила дека ќе испрати бродови и авион за помош во гаснењето на пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот