ФОТО | Гвинет Палтроу на 51 година го покажа своето извајано тело во бикини

Фото: HEM / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Оскаровката Гвинет Палтору (51), застапничка за алтернативна исхрана и основач на компанијата „Гуп“, студените денови ги замени со високите температури во Мексико. Актерката го поминува декември на плажа во бикини, пишува „Њујорк пост“.

Гвинет Палтроу во последните пет години во неколку наврати беше предмет на дискусии на социјалните мрежи и медиумите поради нејзината неконвенционална исхрана, пристап кон животот и изјавите кои ја заинтригираа јавноста.

Фото: HEM / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Актерката е фотографирана заедно со пријателка додека шетала на плажа, а нејзиниот сопруг подоцна во текот на денот е фотографиран на кајак.

Гвинет пред четири години изјави дека живее со нејзиниот сопруг Бред Фалчук ​​четири дена во неделата, а тој оди во неговата куќа останатите три.

„Сите мои пријатели кои се во брак мислат дека начинот на кој живееме е идеален и не треба да го менуваме“, рече Палтроу во интервју за „Стајл“, додавајќи дека за овој потег добила „амин“ од нејзините наставници за интимност и дека тоа ги одржува свежи во врската.

Фото: HEM / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Во едно од претходните интервјуа таа откри дека на овој начин се обидуваат да ги одржат односите меѓу членовите на семејството на завидно ниво, но и да покажат почит кон децата кои ги имаат од претходните бракови.

Да потсетиме, 46-годишната актерка до 2014 година беше во брак со фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, а со него ги има 19-годишната ќерка Епл и 17-годишниот син Мозес.

Палтроу толку добро се сложува со Мартин, што до ден-денес тој има своја соба во нејзиниот дом.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот