ФОТО: Градоначалникот на Ѓорче Петров смирува: Надлежните се на терен, ситуацијата е под контрола

фото: Фејсбук/Александар Стојкоски

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на својот Фејсбук профил сподели информација и фотографии од пожарот кој во моментов беснее на ридот над Кондово.

„Информиран сум за пожарот кој во моментов се уште беснее на ридот над Кондово, односно на пределот кон с. Рашче.
Сите надлежни институции се навремено информирани и ситуацијата е под контрола. Будно ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, веднаш дополнително ќе се интервенира“, пишува Стојкоски.

Апелирам за смиреност помеѓу жителите на Ѓорче Петров, се со цел да не се создава непотребна паника кај населението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот