ФОТО | Градина за своја душа: Совршени растенија за пролетно уредување на дворот

Фото: „Зелена“/„Флорагарден“

Пристигнувањето на пролетта кај многумина од нас ја разбуди желбата да ги разубавиме нашите балкони и дворови со убави цвеќиња и растенија. Исто така, грижата за растенијата е одличен начин за намалување на стресот и активност која го подобрува расположението. Со други зборови, оваа пролет направете си градина за своја душа.

Но, доколку сте почетници и доколку сѐ уште немате идеја со што да почнете и како да се грижите за своите растенија, ние ви ги пренесуваме прекрасните предлози и совети на Деница од „Зелена“ и Вера од „Флорагарден“.

Бамбус Орхидеја

„Стебло на Бамбус и цвет на Орхидеја, тоа е неповторливата Бамбус Орхидеја (Дендробиум). Името Дендробиум потекнува од грчките зборови „dendron“ што значи дрво и „bio“ што значи живот, или „живот во дрво“, затоа што со своите корени се закачуваат за стеблата на дрвата и растат во сенката на нивните големи крошни.

Фото: „Зелена“

Бамбус Орхидејата претпочита силна индиректна или средна индиректна светлина. Не се препорачува да биде изложена на директни сончеви зраци, бидејќи тие можат да ги изгорат нејзините листови. Наводнувајте кога горниот слој од земјата ќе се исуши. Земјата треба да се одржува полувлажна, но не премногу мокра за да се избегне скапување на коренот.

Бамбус Орхидеја
Фото: „Зелена“

Бамбус Орхидеите сакаат да живеат во топла и влажна средина, па затоа треба да се чуваат подалеку од места каде има провев или грејни тела кои го сушат воздухот. За да ја одржувате здрава и среќна, се препорачува да го навлажнувате воздухот околу неа на неколку дена со прскалка за вода или да ја поставите во близина на навлажнувач на воздух. Следете ги овие едноставни инструкции и таа ќе ве награди со нејзините уникатни и мирисливи цветови“, вели Деница од „Зелена“.

Рододендрон

„Рододендорните се среќаваат во литературни записи уште од 16. век. Во ваквите текстови, како и денес, тие се карактеризираат по убавината на своите цветови. Општо се користат за декоративна намена поради нивната структура, адаптибилност, големина, цвет и фактот што скоро сите видови на рододендрон се зимзелени.

Фото: „Флорагарден“

Рододендрон калинка e вид кој припаѓа на големата фамилија зимзелени растенија рододендрони. Калинка е особено прекрасен вид за сечија градина поради убавите розови цветови кои рододендонот ги раѓа во текот на пролетта и силните зелени лисја кој го китат видот во текот на поладниот период од годината. Во „Флорагарден“, овој вид го одгледуваме до висина од 60 до 70 цм; како таков можете да се засади во градина каде почвата идеално би била кисела (Ph 4.5-5.5) и делумно составена од тресет.

Рододендрон
Фото: „Флорагарден“

Покрај калинка, видовите од рододендрон бараат делумна сенка и за цветањето да се продолжи, препорачливо е да се отстрануваат овенатите цветови. Нивните корења се доста разгранети, поради што тие преферираат делумно сува и хранлива почва. Додавањето на мулч и внимателното наводнување пред периодот на цут можат да бидат клучни за развитокот на ова растение. Пропагирањето типично се врши со отсечоци од стеблото. Во некои култури, како на пр. во Непал, ова растение се смета за јаткасто поради киселината во неговиот цвет“, вели Вера од „Флорагарден“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот