ФОТО | Го собори рекордот: Георгина Родригез се прошета по улиците облечена во 2 милиони евра!

георгина родригез
Фото: Инстаграм

Свршеницата на Кристијано Роналдо, Георгина Родригез, откако е во врска со славниот фудбалер, папараците го следат секој нејзин чекор.

Стилот и односот со Кристијано Роналдо секогаш ја држат во центарот на медиумското внимание.

Сега мајката на децата на Кристијано Роналдо уште еднаш ги изненади сите со аутфит вреден повеќе од 2 милиони евра, пишува шпанска „Марка“.

Шпанката се прошетала низ улиците на Манчестер во син фустан кој освен што ја покажува нејзината фигура, ги остави сите со отворени усти кога ја дознаа цената на целата облека.

На фотографијата таа се појавува на влезот од нејзината вила во Манчестер, што сугерира дека таа тргнала некаде.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)


Еден од најважните детали за аутфитот беше дека најскапото нешто што го носела било на нејзините раце.

Манекенката се прошетала низ Манчестер во облека од два милиони евра, а најскапи се модните додатоци. Шпанката прошетала низ улиците на Манчестер во син фустан на Стела Макартни вреден 1.900 евра.

На нозете носела високи потпетици на „Ле Села“ вредни 765 евра. Вредноста на нејзиниот стајлинг почнала да расте со чантата „Ермес“ што ја држи во рака чини 94.000 евра. Модните додатоци кои ги носела тој ден, два прстени и многу скап часовник, значително ја зголемуваат цената на аутфитот.

Првиот е прстен со дијаманти и сафири во вредност од 800.000 евра а вториот е „Картие“ вреден 700.000 евра. Аутфитот го комплетирала часовникот „Ролекс“ вреден 550.000 евра, изработен од 18-каратно бело злато и украсен со дијаманти на бројчаникот и ременот.Го

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Георгина е позната по тоа дека сака да го истакнува богатството, па неретко на својот инстаграм-профил објавува фотографии како лета со приватен авион облечена во луксузни и скапи парчиња.

ФОТО | Георгина Родригез пристигна во Кан, месец дена по смртта на синот

ФОТО+ВИДЕО | Роналдо ѝ приреди неверојатно изненадување на Георгина во Дубаи: Фудбалерот се надмина!

ФОТО: Георгина Родригез позираше пред приватен авион, еден скапоцен детаљ го привлече вниманието на многумина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот