ФОТО | Ѓорѓи Вареловски, македонскиот Дедо Мраз: Сакам само децата да бидат среќни

Фото: Приватна архива

Да беше Финска на наше место, ќе му се поклонеше, и од него ќе направеше бизнис, колку и тој да се противи на тоа.

Има 61 година и би требало да си чека пензија, ама не, тој е поактивен од кога било, на памет не му доаѓаат ни пензии ни заработувачки, сака да си биде Дедо Мраз. И навистина е тоа, навистина Дедо Мраз постои. Живее во Кавадарци. Се одѕива на името Ѓорѓи Вареловски.

Ја носи животната радост на дете. А татко е на два сина кои ги израснал со огромна љубов и почит, и двата денес тргнати по свој пат, вработени. И драг сопруг е на Милка, која веројатно би требала да се вика Ѕвончица. Во „слободно време“ е час совесен мајстор, час е Петар Пан, а за време на празничната сезона, тој е Дедо Мраз.

Сè што ќе заработи во текот на годината како мајстор, како градежен работник, го троши на хуманитарни активности.

– Не мислам да престанам, а не мислам никако да правам бизнис од мојата работа – искрен е Ѓорѓи.

И да, неговата работа е баш – работа. Не е лесно да се дочекуваат стотици деца неделно, при тоа домот да ви е постојано отворен, да се украсува дворот, да се набавува храна и пијалаци за сите гостинчиња да бидат услужени и за да бидат сите весели. Да се објаснува. Да се раскажува, да се пренесува македонската традиција во двор уреден како музеј.

Веќе 24 години го прави тоа. И не е уморен од тоа што го прави, напротив. Почнува од ноември, со првото китење на дворот и на елката.

Се сеќава на своето детство и младост.

– Сè сум видел и секаде сум прошетал. Душевно сум богат. Пред две и пол децении добив шестка на лото и така почнав. Ама на мојата приказна, претходи приказна – вели нашиот Дедо Мраз.

Се сеќава на детството, кога татко му за првпат украсил дрво во дворот. И децата – среќни, ѕиркале да видат што се случува…

Целиот текст, видеото и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот