Воен хеликоптер падна во река во Германија/Фото: Икс

ФОТО | Германија: Воен хеликоптер се урна во Саксонија, се трага по пилотот

Воен хеликоптер денеска се урна во реката Мулде во Германија, североисточно од Лајпциг, соопшти полицијата, без да даде никакви информации за лицата во него.

Полицијата била алармирана од кануисти кои забележале делови од хеликоптерот и голема количина гориво во водата, а специјални спасувачки екипи работат на местото на настанот од воздух и на реката веќе некое време.

Според весникот „БИЛД“, пилотот е исчезнат, додека поради керозинот, тешко е да се пристапи до остатоците во средината на речното корито.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот