ФОТО | Германија се пофали со новиот тенк – има цврст оклоп и смарт технологија
Новооснованата германска 45. оклопна бригада (Panzerbrigade 45) во Литванија ќе биде првата што ќе ги добие новите тенкови.
Препорачано
Германската одбранбена компанија KNDS официјално го претстави новиот главен борбен тенк „Leopard 2A8“, кој ќе биде распореден заедно со германските сили во Литванија, додека Европа го засилува своето присуство на источното крило на НАТО долж границата со Русија.
Тенкот беше претставен пред јавноста во Минхен на церемонија на која присуствуваше германскиот министер за одбрана Борис Писториус, пренесува „Њузвик“.
Според производителот, станува збор за целосно нов дизајн, а не за надградба на претходните платформи.
Како и постарите верзии, „Leopard 2A8“ е опремен со мазноцевен топ од 120 мм и две митралези од 7,62 мм. Оклопот е поотпорен, тенкот е побрз и опремен со најнова смарт-технологија.
Европските земји одамна се потпираат на различни верзии на тенкот „Leopard“, а многу од нив донираа десетици вакви тенкови на Украина од почетокот на руската инвазија во 2022 година.
Новата 45. оклопна бригада (Panzerbrigade 45) во Литванија ќе биде првата што ќе ги добие новите тенкови „Leopard 2A8“.
Бригадата беше основана во мај од германскиот канцелар Фридрих Мерц, а нејзиното формирање претставува прво постојано распоредување на германски трупи во странство од Втората светска војна. Се очекува бригадата до 2027 година да брои околу 5.000 припадници.
Портпаролот на германското Министерство за одбрана одби да каже колку точно тенкови ќе добие бригадата, повикувајќи се на воена тајна.


