ФОТО | ГЕНИЈАЛНО! Цацко е Хагрид, Шенка како Минерва, а Јовица – Волдеморт: Кога Хари Потер би се снимал во Македонија

img alt
Македонски актери во улоги на култниот серијал „Хари Потер“ / Фото: Принскрин, Твитер @covek1

Никола Ристановски, Игор Џамбазов, Дејан Лилиќ… Која улога би ја имале во Хари Потер, кога би се снимал во Македонија?

Изминатиов викенд на македонската твитер-сфера забележавме една генијална нишка, која би сакале да ја споделиме со вас. Станува збор за фантастична компилација на твитерџијата @covek1 (со потпис Базичен1), кој состави македонски кастинг за британско-американскиот филмски серијал Хари Потер, заснован на серијалот романи од авторката Џ. К. Роулинг, а ја именуваше „Кога Хари Потер би се снимал во Македонија“.

Погледнете ги фотографиите:

1. Митко Апостоловски како професорот Албус Дамблдор
2. Шенка Колозова како професорката Минерва Мекгонагал
3. Бубо Каров како Рубеус Хагрид
4. Игор Џамбазов како Сириус Блек
5. Сашко Коцев како Ремус Лупин
6. Дејан Лилиќ како Луциус Малфој
7. Ирена Ристиќ како Белатрикс Лестренџ

8. Катерина Коцевска како Долорес Амбриџ

9. Петар Горко како Гилдерој Локхарт

10. Марија Кондовска како Моли Визли

11. Нино Леви како Артур Визли

12. Звездана Ангеловска како Ема Томсон

13. Борис Чоревски како Аргус Филч

14. Благоја Чоревски како професорот Хорас Слугорн

15. Атанас Тановски како професорот Аластор

16. Никола Ристановски како професорот Северус Снејп

17. Јовица Михајловски како Волдеморт

16. Матео Матески како Дудли Дурсли

17. Анастасија Аневска како Хермиона

18. Матеј Зимбаков како Рон Визли

19. И конечно, Матеј Настовски како Хари Потер!

Оваа фантастична нишка завршува со коментар од авторот:

„Можеби не ви се допаѓаат некои и има подобар избор, но ова е мојот избор, и тоа е тоа :)“.

Базичен, ти навистина успеа да ни украдеш насмевка и сметаме дека избра одличен кастинг за македонскиот Хари Потер, а доколку и Вас ви се допадна компилацијата, стиснете лајк ТУКА!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот