ФОТО | Гаши се сретна со папата Лав во Ватикан

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во рамките на официјалната посета на Ватикан по повод традиционалната манифестација „Во чест на Свети Кирил и Методиј“, каде што ја предводи државната делегација на Македонија, се сретна со поглаварот на Светата Столица, папата Лав Четиринаесетти.

Како што објави на Фејсбук, Гаши му ги пренел честитките по повод годишнината од неговиот избор, а на средбата било разговарано за важноста на дијалогот, разбирањето и градењето мостови на соработка меѓу народите и културите.

На средбата биле потврдени традиционалните и пријателски односи меѓу Македонија и Светата Столица. Притоа била нагласена посветеноста на земјата на меѓуетничкиот, мултикултурниот и меѓурелигискиот соживот, како модел што ја зајакнува стабилноста и солидарноста во регионот.

Гаши и папата Лав Четиринаесетти разговарале и за универзалното наследство на светите Кирил и Методиј, како и за хуманизмот на Мајка Тереза, кои, како што било истакнато, остануваат трајна инспирација и мост што ги поврзува луѓето преку заедничките човечки вредности.

ВИДЕО | Папата Лав му се приклучи на виралниот тренд „6-7“ додека разговараше со деца во Ватикан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот