Фото/ Слободен печат - Елеонора Антиќ

ФОТО | Фонтаната на плоштад прска на сите страни, минувачите да внимаваат!

Фонтаната на градскиот плоштад во Скопје пред десетина дена беше откриена, исчистена и пуштена да работи, откако цела зима беше покриена со церада и исклучена.

Но, очигледно, освен што фонтаната „Воин на коњ“ ја „преспа“ зимата, во однос на нејзиното одржувале заспани биле и надлежните, односно ЈП „Водовод и канализација“ и не се погрижиле периодот кога фонтаната не е во функција да го искористат за да ги отстранат оштетувањата или дефектите на системот за прскање.

Фонтана „Воин на коњ“: Фото/Слободен печат – Елеонора Антиќ

Па така, сега граѓаните кои поминуваат покрај неа, мора многу да внимаваат за да не бидат истуширани, затоа што фонтаната прска на сите страни – и таму каде што не треба, на плочките околу коритото и на скалите каде вообичаено застануваат луѓе да се фотографираат покрај неа. Тоа можеби и би било пријатно среде лето кога температурите се високи, но во овој период никако.

Фонтаната „Воин на коњ“ работи од 10 часот, подната со години фаќа пајажина

Фонтаната „Воин на коњ“ беше пуштена во употреба за Денот на независноста на Македонија во 2011 година и за нејзината изградба се потрошија повеќе од 8 милиони евра. На почетокот таа прскаше во ритам на музика, менуваше светлина, но во изминатите речиси 15 години надлежните потфрлија со  нејзиното одржување.

Сега целиот простор, скалите околу неа и плочките се во ужасна состојба. Се чини како полека да се излизгува, па меѓу плочките наместо тенки фуги зјаат отвори од неколку сантиметри низ кои расте трева. Еден од камените лавови речиси е одвоен од оградата, на оградата фалат делови, а некогаш белите плочи околу фонтаната се посивени од нечистотија.

Најново е, дека има и некој проблем со прскањето, па прска минувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот