Брукс Нејдер/Карлос Алкараз / Фото: Принтскрин/Инстаграм/EPA-EFE/NEIL HALL

ФОТО | Едноставна комбинација направи скандал: На „најжешката“ манекенка на светот ѝ склизнаа голите гради од блузата

Кога станува збор за моделот на „Спортс илустрејтед“и манекенка Брукс Нејдер, ретко кој може да остане имун на нејзиниот изглед, а камоли на нејзините стајлинзи. Еден незгоден инцидент со блузата го возбуди машиот пол…

Моделот Брукс Нејдер е тема на разговор веќе некое време. Освен што ги привлекува љубопитните медиуми со атрактивни, односно провокативни модни избори, таа го добива и светското внимание поради своите љубовни избори.

Не толку одамна се шпекулираше дека е во врска со тенисерот Карлос Алкараз, а подоцна се дозна дека имала афера и со тенисерот Јаник Синер.

Но, овој пат, таа е во центарот на вниманието поради својот изглед, а не поради својот љубовен живот – барем засега…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Page Six (@pagesix)

Имено, Брукс неодамна се појави на вечерната забава на „Вог“ и брендот за убавина „Мејблајн“ во Лос Анџелес. За таа пригода, таа одлучи да се појави во навидум едноставен стајлинг – блуза и фармерки – што на крајот предизвика вистински скандал во јавноста.

Брукс носеше обични фармерки кои ги комбинираше со бела сатенска блуза и токму ова парче облека ѝ беше најголем проблем.

Со оглед на тоа што не носела градник и дека целосно ја откопчала блузата, градите во еден момент ѝ излегле од блузата, а јавноста останала шокирана.

Меѓутоа, спретната манекенка многу брзо го санирала проблемот, бидејќи ова не е првпат да ѝ се случи пех со комбинациите на облека.

Што се однесува до остатокот од нејзиниот стил, таа го комплетирала со бунда и високи потпетици во кафеава боја, а косата ја пуштила слободно да ѝ паѓа преку рамената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brooks Nader (@brooksnader)

ФОТО | „Кралицата на бикините“ ги покажа своите атрибути во ризичен фустан: Едвај успеа да ги покрие градите

ФОТО | „Кралицата на бикинито“ прошета во проѕирен фустан и имаше што да покаже

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот