ФОТО | Ѕвездата мамеше воздишки на премиерата на „Morbius“: Секси фустан кој создава оптичка илузија
Поранешната ѕвезда на „Дизни“, актерката, модел и пејачка Бела Торн на црвениот тепих на премиерата на филмот „Morbius“ се појави во фустан со кој мамеше воздишки, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
Нејзиниот фустан бил дизајниран да создаде оптичка илузија која многумина за момент ги натера да помислат дека Бела дошла на црвениот тепих целосно гола.
View this post on Instagram
Имено, Бела застанала пред фотографите во црвениот тесен фустан кој е специјално дизајниран да создава слика на гола женска силуета. Деловите од телото, кои јасно се гледаат на фустанот, одлично ѝ прилегаат на нејзината фигура, па не е ни чудо што некои на прв поглед помислиле дека ѕвездата не носи облека.
View this post on Instagram
Премиерата на филмот се одржа во Лос Анџелес, а актерката на црвениот тепих пристигна во придружба на нејзината сестра Дани Торн. Креацијата што ја носеше го привлече целото внимание и за момент го засени целиот настан.
View this post on Instagram
Да потсетиме, 24-годишната актерка во неколку наврати покажа дека сака да позира гола. Своите следбеници на социјалната „Инстаграм“ ги „почести“ со разголени фотографии на кои интимните делови ги покрива само со пешкир.


