ФОТО | Џенифер Лопез и Бен Афлек пристигнаа во Венеција: Холивудскиот пар е неразделен

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Бен Афлек пристигна во Венеција по повод 78 -от Филмски фестивал во Венеција, придружуван од латино дивата Џенифер Лопез. Парот беше снимен како се качува на туристички брод.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

„Дејли Мејл“ пишува дека тие го обиколиле градот веднаш по пристигнувањето. За таа пригода, Џенифер носеше бел фустан со тантела, кој го усогласи со елегантна чанта и очила за сонце.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Бен се одлучи комплетно црн изглед. Актерот носеше црни панталони и маица, а двајцата носеа заштитни маски, кои ги носеа на лицето додека не испловија. Се чинеше дека се добро расположени, држејќи се за раце цело време.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Инаку, филмот „The Last Duel“ во режија на Ридли Скот, напишан од Бен со актерот Мет Дејмон, денеска ќе биде премиерно прикажан. И двајцата глумат во филмот заедно со Адам Драјвер и Џоди Комер.

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Да потсетиме, Лопез и Афлек се верија во 2002 година, но една година подоцна ја откажаа венчавката, а во 2004 година објавија прекин на нивната долгогодишна врска. Меѓутоа, по 17 години, односот беше обновен. По бројните шпекулации, Џенифер неодамна ги објави нивните први заеднички фотографии, со што ја потврди врската.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот