ФОТО | Џенифер Лопез главна атракција во Париз: На модна ревија се појави во палто од вистински рози и златни очила за сонце
Познатата пејaчка и актерка Џенифер Лопез беше една од гостинките на ревијата на брендот „Скиапарели“ која се одржа на Модната недела во Париз. Во оваа пригода таа ја покажа својата нова фризура, но најмногу привлече внимание со прилично смелата модна комбинација.
Препорачано

Парчињата во духот на надреализмот се заштитен знак на италијанската дизајнерка Елза Скиапарели, чија модна визија во последните сезони успешно ја негува дизајнерот Даниел Роузбери. Тоа го потврди и Џенифер со нејзиното модно издание.

Имено, латино дивата на ревијата на модната куќа „Скиапарели“ се појави во волуменозно бело палто со рачно вметнати бели ливчиња од свежи рози. Комбинацијата ја надополни со бела ролка и дебели црни хулахопки.

Мократа кратка коса на Џенифер ѝ даде елегантен изглед, но накитот и ексцентричните очила за сонце во стилот на надреалистите, од истоимената модна куќа, беа деталите со кои таа стана главна атракција во Париз.



