ФОТО | Џеки Чен го носеше олимпискиот факел на врвот на Кинескиот ѕид

џеки чен
Џеки Чен / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Штафетата на олимпискиот факел на 3 февруари го започна својот втор ден на врвот на Кинескиот ѕид. Помеѓу другите, олимпискиот факел го носеа познатиот актер Џеки Чен и олимписките победници Ма Лонг и Ву Џинг.

Патеката низ која поминува факелот со кој ќе започнат Зимските олимписки игри во Пекинг, поради пандемијата е многу помала отколку што беше во 2008 година за Летните олимписки игри во кинеската престолнина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FAZAH (@fazahmag)

Освојувачот на златниот медал во пинг-понг Ма Лонг и двократната олимписка шампионка во теквондо Ву Џинг беа меѓу оние кои го носеа факелот покрај делот од Кинескиот ѕид наречен Бадалинг, каде температурата била минус 11 степени Целзиусови.

Џеки Чен (67) беше претставен во кинеските медиуми со неговото име Чен Ганшенг.

– Се разбудив околу 4 часот, многу среќен. Ова ми е четврта Олимпијада. Многу е студено – рекол Џеки Чен откако го носел факелот по должината на прочуениот ѕид.

Бадалинг е делот од Кинескиот ѕид кој најчесто го посетуваат туристи и се протега 70 километри северозападно од центарот на Пекинг во областа Јанкинг.

Џек Чен, акциона филмска ѕвезда од Хонг Конг, познат по неговата поддршка на владата во Пекинг, беше идентификуван во официјалното соопштение за печат со неговото кинеско име Чен Гангшенг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот