ФОТО | Драматични сцени во Бризбејн: Отровна змија го прекина мечот на Доминик Тим

Фото: Screenshot

Драматични сцени се случуваа на мечот помеѓу некогаш третиот светски рекет Доминик Тим и Џејмс Мејкеб на турнирот во Бризбејн. Дуелот помеѓу овие два тенисери беше прекинат од змија која важи за една од најотровните во светот.

Тим го загуби првиот сет со 6:2, а во моментите кога требаше да се вратат и да продолжат змија се појави на теренот и го прекина мечот.

Судијата веднаш даде знак за прекин, додека обезбедувањето реагираше и повика луѓе кои ја отстранија змијата која беше долга околу половина метар.

Инаку, станува збор за змијата од видот источно кафена и нејзиниот отров се смета за втор најопасен во светот.

По отстранувањето на змијата мечот продолжи, а Тим направи пресврт и победи со 2:1 во сетови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот