ФОТО | „Од убава русокоса до изобличување“: Даниела Вестбрук повеќе не личи на себе
Актерката Даниела Вестбрук се прослави во 1990 година, кога се емитуваше култната серија „Истендерс“, а поради естетските операции сега живее во пекол.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Славната британска актерка веќе долго време во јавноста служи како мета на потсмев поради многубројните неуспешни естетски зафати.
View this post on Instagram
Таа се прослави во 1990 година, кога се емитуваше култната серија „Истендерс“, која ѝ донесе светска слава. Даниела тогаш пленеше со нејзината природна убавина, но потоа сè тргна удолу со низата неуспешни операции.

Зависник од естетски зафати и од кокаин
Ситуацијата ескалираше уште пред неколку години, а Даниела за медиумите откри дека лицето буквално ѝ скапува од силните интервенции.
„Јаболчниците и непцата ми скапуваат затоа што порано бев редовен корисник накокаин, но и поради лошо направениот естетски зафат од 2015 година. Поради него добив остеопороза“, рекла Даниела за „Мирор“.
За да ги зајакне коските пред операцијата, по препорака пиела седум литри млеко дневно. Екстремната операција што ѝ била направена, значело дека ќе ѝ биде отстранет дел од черепот со цел да се вметне во нејзините јаболчници.
View this post on Instagram
Завршила на улица
Зависноста од опијати заедно со нејзината зависност од корекции на крајот ја донеле на улица.
„Живее кај пријателка. Не може да си дозволи ниту да изнајми соба. Им призна на пријателите дека е без скршена пара и дека добива социјална помош. Пријателите ѝ помагаат, но не сакаат да ѝ позајмуваат пари, бидејќи знаат дека никогаш нема да им ги врати“, изјавил извор близок на актерката за магазинот „Нау“.
Даниела и понатаму е во борба со лицето што скапува и во моментот поминува низ процедури со кои се обидува да го реконструира своето лице.
View this post on Instagram
Напредокот го објавува на Инстаграм, а бура во јавноста предизвикува, затоа што тврди дека нејзините фотографии се без филтер.
View this post on Instagram
Луѓето ѝ пишуваат дека е невозможно да постигне таков резултат, поради што Даниела ја исклучила можноста за коментирање на Инстаграм.


