ФОТО | Црвената е секогаш добра идеја за Нова година: Изгледајте впечатливо и самоуверено
Постојат бои кои често ги поврзуваме со посебни пригоди, а црвената без сомнение е една од нив. Особено кога сакаме да изгледаме впечатливо, самоуверено и малку поинаку од вообичаено како што е случај со новогодишните прослави, токму тогаш црвениот фустан станува избор што не бара дополнително објаснување.
Препорачано
Оваа сезона, нуди разновидна палета на црвени фустани совршени за новогодишните прослави – од елегантни и минималистички кроеви, до модели со светки, сатен и отворен грб.
Заедничко за сите нив е што изгледаат моќно и ефектно.
View this post on Instagram
Особено интересни се моделите кои балансираат меѓу класичното и модерното, фустани што можете да ги комбинирате со минималистички сандали или салонки и дискретен накит, бидејќи самата боја веќе го носи целиот изглед. Во овој контекст, црвената не бара конкуренција, туку простор да дојде до израз.
Без разлика дали планирате дочек во ресторан, домашна прослава или излегување што ќе потрае до раните утрински часови, добриот црвен фустан е парчето кое ќе ве води низ целата вечер.
Во продолжение ги издвојуваме црвените фустани кои се создадени токму за новогодишните ноќи и за моментите кога сакате вашиот изглед да зборува наместо вас.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram


