Орце Ѓорѓиевски и Данела Арсовска/ Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

ФОТО | Букет цвеќе од Ѓорѓиевски за Арсовска – новиот градоначалник на Скопје ја презеде функцијата

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ѝ подари цвеќе на градоначалничката во заминување Данела Арсовска, на официјалното преземање на функцијата. Ѓорѓиевски од денеска официјално ја презема функцијата градоначалник на Скопје, откако победи на локалните избори.

Орце Ѓорѓиевски и Данела Арсовска/ Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат
Орце Ѓорѓиевски и Данела Арсовска/ Фото: Слободан Ѓуриќ – Слободен печат

Ѓорѓиевски се истакна со еклектичен, богат но не преекстравагантен букет од кринови, рози и уште еден вид цвеќе што редакцијата на „Слободен печат“ не успеа да го идентификува од фотографиите до моментот на објавувањето на оваа вест.

Тој претходно денеска го доби Уверението за функцијата од Државната изборна комисија и најави дека вечерва започнува со чистењето на Скопје, согласно неговото ветување дека „за 72 часа ќе го исчисти“ главниот град.

Бог за седум дена го создаде светот, Орце за три дена ќе го светне Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот