ФОТО | Брошот на Наполеон се продава на аукција за 221.000 евра: Дали е украден од „Лувр“?
Аукциската куќа „Сотби“ соопшти дека во рамките на својата „Кралска и благородничка распродажба“ понудила на продажба брош на францускиот император Наполеон.
Препорачано
Тие веднаш истакнале дека брошот нема никаква врска со спектакуларниот грабеж во музејот „Лувр“ во Париз на 19 октомври, чија цел беше накит од колекцијата на Наполеон.
Според наводите на аукциската куќа, станува збор за дијамантска игла за шешир што Наполеон ја носел во легендарната битка кај Ватерло во 1815 година, која ја изгубил во текот на бегството по поразот од Британците и Прусите, а која ја пронашле и ја чувале самите Пруси, пренесе денеска „Свисинсфо“.
Napoleon’s diamond broach is headed to auction. Here’s how much it could fetch: https://t.co/rxE9VY1ff3 pic.twitter.com/M6k2gGZmMI
— Forbes (@Forbes) October 24, 2025
Брошот на Наполеон бил предаден само три дена по битката на прускиот крал Фредерик Вилијам Трети како воен трофеј, а подоцна дошол во посед на германските императори, пред да заврши во приватна колекција.
Тркалезниот брош со дијаметар од околу 4,5 сантиметри е украсен со овален дијамант од 13 карати во центарот, опкружен со стотици други дијаманти, а неговата вредност се проценува на помеѓу 112.000 и 187.000 фунти (помеѓу приближно 132.000 и 221.000 евра).
Брошот е направен за Наполеон околу 1810 година, а францускиот император го носел во посебни пригоди. Тој накит симболично го претставува крајот на сонот на Наполеон за проширување на империјата, кој бил запрен со поразот на бојното поле во денешна Белгија.
Како што е најавено, аукцијата, на која ќе биде претставен и друг накит, ќе се одржи на 12 ноември во Женева, Швајцарија.


