ФОТО | Изгледа изморено и збунето: Брус Вилис фотографиран на улиците на Лос Анџелес

Холивудскиот актер Брус Вилис во март минатата година објави дека става крај на својата долгогодишна кариера откако му беше дијагностицирана афазија. Иако неговата состојба само се влошува, неговото семејство го користи секој момент со него и „се надева на чудо“.
View this post on Instagram
Легендарниот актер по долго време е снимен во јавноста. Оваа недела папараците го фатиле како се шета со пријателите во Лос Анџелес, а на фотографиите изгледа изморено и збунето. Многумина од обожавателите на актерот се загрижени за неговата состојба по последните фотографии.

Минатата година на актерот му беше дијагностицирана афазија, пореметување на мозокот што влијае на способноста за ефективно комуницирање, што го принуди да се повлече од актерството.
View this post on Instagram
Неодамна, извори блиски до актерот открија за медиумите дека неговата состојба се влошува и дека неговото семејство се надева на чудо, по што на Инстаграм се појавија фотографии на кои тој насмеан позира со сопругата Ема Хеминг Вилис, поранешната сопруга Деми Мур и неговите ќерки.
„Брус не може да зборува многу и се чини дека не разбира многу од она што другите го зборуваат, па Ема навистина му беше глас и комуникатор. Има денови кога се гледаат делови од стариот Брус, но тоа е краткотрајно. Тој се чини дека сѐ повеќе и повеќе им се измолкнува и тоа им ги крши срцата. Неговите ќерки не можат да го замислат животот без него. Им недостасува стариот Брус – оној кој ги задеваше за нивните момчиња и им даваше несакани совети“, изјавил извор за „Daily Mail“.
View this post on Instagram
Иако болеста си зема данок, Вилис го користи секој момент да помине со семејство кое наскоро ќе добие нов член. Брус и неговата поранешна сопруга, Деми Мур наскоро ќе станат дедо и баба. Ќерката на Брус, Румер и нејзиното момче Дерек Ричард Томас во вторникот на социјалните мрежи објавија дека го чекаат своето прво бебе.
ВИДЕО | „Љубовта на мојот живот“: Сопругата на Брус Вилис раскажа како се вљубила во актерот