ФОТО | Бијонсе, дали си тоа ти?: Пејачката непрепознатлива на премиерата на својот документарен филм

Фото: Instagram / beyonce

Познатата пејачка Бијонсе ја одржа премиерата на нејзиниот документарен филм „Ренесанса: Филм за Бијонсе“ во Америка, базиран на истоимената турнеја, која доживеа неверојатен успех.

На премиерата сите очи биле вперени во Бијонсе поради нејзиниот необичен изглед. Пејачката пристигнала во Беверли Хилс речиси непрепознатлива, со платинесто-руса перика, која за неа ја направил фризерот Нил Фарина. А, овој изглед го надополнила со сребрен фустан од „Версаче“, по избор на стилистката Шиона Турини, пишува „Дејли мејл“.

„Леле, таа е непрепознатлива!“, бил еден од коментарите на социјалните мрежи откако ја виделе Бијонсе.

На социјалните мрежи Донатела Версаче не пропуштила да ја пофали пејачката за нејзиниот изглед. Таа напиша: “…Ти си визија во ‘Версаче’. Ти си единствена. Еден од еден, број еден, единствен! Едвај чекам да го гледам филмот!…“

Бијонсе уште еднаш потврди колкава ѕвезда е, со тоа што не се појавила во театарот „Семјуел Голдвин“ сè додека не се затемниле светлата. И, се разбира, додека спикерот не им кажал на гостите дека фотографирањето и снимањето не се дозволени.

Гостите од А-листата како Иса Рае, Лизо и Жанел Моне морале да ги стават телефоните во чантите за време на 150-минутниот документарен филм.

Инаку, документарниот филм е направен по истоимената турнеја на Бијонсе, која ја одбележаа сценографии, кореографии и модни комбинации од 10 мај до 1 октомври оваа година. Нејзината прва станица беше Стокхолм, Шведска, а последна станица беше Канзас Сити во американската сојузна држава Мисури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот