ФОТО | Биба Додева бесна поради скандалот со внукот: Не го пуштиле да јаде на училиште, а сметката за ужина била платена
Биба Додева се огласи на социјалните мрежи откако нејзиниот внук Александар не го пуштиле да јаде во училиште со своите врсници. Сметката за храна во училиштето како што вели Биба била платена, а тие не ја виделе уплатата на сметка.
Препорачано
Пејачката најави дека лично ќе оди во училиштето за да го запознае персоналот кој стои зад ова.
– Денес некоја од кујната во школото на внук ми, решила да не го пушти во кујна и да не му даде јадење затоа што уплатата од вчера сè уште не ја виделе на сметка. И после комуникацијата со ќерка ми која им ја пратила уплатата скенирана, тие не ѝ ја признале. И тоа по неколку молби од ќерка ми претходните денови да ѝ пуштат некаков примерок затоа што Алекс не ги донел документите дома, ги имал некаде заборавено/загубено. И тоа сметка со полна сума затоа што не одбиле од сумата кога бил болен и не доаѓал на училиште. Истите тие што отруја деца пред некое време.
Оставаат дете само, и не даваат да не влезе заедно со другарчињата зошто нели многу ќе им изеде од лебот. 8 и полгодишно дете. Па м****то ваше, сите нека ве знаат, а јас ќе дојдам скоро и лично ќе ве запознаам!
Пу јаз’к. Од срце им благодарам на наставничките Ивана и Билјана кои си го прибрале Алекс, му зеле за јадење и веднаш ја информирале Емануела за оваа лудост – напиша пејачката на Фејсбук.


