ФОТО | „Беше поубав од што го замислував“: Слепа девојка за првпат го видела своето момче

Фото: Инстаграм, Софија Кора

Љубовната приказна на Софија и Кристијан Кора е вистински доказ дека со многу љубов и поддршка од партнерот може да се надминат и најтешките животни предизвици, објави „Bright Side“.

Имено, Софија имала само 18 години кога почнала да го губи видот. При крајот на првата година од нејзините студии, Софија почнала да приметува дека нешто не е во ред со нејзиното здравје. За време на предавањата, таа не можела да ги прочита испишаните реченици на таблата, ниту она што е напишано во книгата пред неа.

Подоцна таа била дијагностицирана со кератоконус – болест на окото, поточно на рожницата. Рожницата која нормално има полукружен облик станува сѐ потенка и исфрлена како конус. Кај оние кои страдаат од оваа состојба, доаѓа до прогресивно влошување на видот и зголемување на диоптријата.

„Бев хистерична неколку недели и паднав во депресија – целиот свет ми се преврте наопаку“, споделила Софија.

Фото: Инстаграм, Софија Кора

И покрај нејзината состојба, Софија одлучила да не ги прекине студиите, туку да се префрли на друг факултет кој бил поблиску до нејзиниот роден град, Рио Ранчо. За среќа. таа го запознала Кристијан во моментите кога тој ѝ бил најпотребен.

Двајцата работеле како редовни асистенти на факултетот и ја започнале нивната врска како пријатели, а Кристијан се грижел за неа од првиот момент кога се запознале.

„Тој стана мое семејство и најголема поддршка. Шеташе со мене, се грижеше за тоа дали сум јадела и ми помагаше во учењето“, се присетила младата девојка.

Фото: Инстаграм, Кристијан Кора

Тој станал нејзино прибежиште од сите лоши работи кои ѝ се случувале во животот. Кога биле заедно, таа заборавала на сѐ и едноставно уживала во заедничките моменти.

Нејзиниот процес на заздравување се состоел од испробување различни комплети контактни леќи и две операции.

Кога го видела лицето на Кристијан за првпат, со помош на контактни леќи, таа била фасцинирана.

„Поради мојата реакција, тој беше убеден дека сум помислила дека е грд. Вистината е дека беше многу поубав од тоа како го замислував“, раскажала Софија.

Фото: Инстаграм, Софија Кора

Сепак, додека траело нејзиното заздравување, Софија и Кристијан биле разделени три години. По толку време, тие не биле сигурни дека сѐ уште имаат чувства еден за друг. Меѓутоа, во еден момент, Софија решила да вози седум часа за повторно да го види.

„Беше преубаво да се види неговото лице после толку време. Ми беше многу сладок и, повеќе од сѐ, сакав да бидам со него засекогаш“, рече таа.

Му признала дека сѐ уште има чувства за него, а и тој ѝ открил дека ја сака. Два месеци подоцна, Кристијан ја запросил Софија, а шест месеци подоцна го изговориле судбоносното „да“.

Моментално, и двајцата имаат професии кои ги исполнуваат. Планираат да купат заедничка куќа и да уживаат во секој заеднички ден, сѐ до крајот на нивните животи.

Фото: Инстаграм, Софија Кора

ФОТО | Вистинска инспирација: Ѝ ја ампутирале ногата, но тоа не ја спречило да живее среќен и исполнет живот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот