ФОТО | Бен Афлек e повторно нервозен: Направил судар по тензичната расправија со Џенифер Гарнер

Фото: Принтскрин/ Твитер

Бен Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер вчера биле снимени во тензична расправија, а Гарнер изгледала прилично вознемирено.

Имено, тие се сретнале во училиштето на нивните деца во Санта Моника за да ја прослават Ноќта на вештерките, а папараците набрзо ги фатиле на паркингот пред училиштето.Не е јасно за што зборувале, но Гарнер била видно вознемирена и на моменти изгледала како да ќе заплаче. Сепак, фотографите кои биле сведоци на нивниот разговор изјавиле дека разговорот изгледал напнат и страстен во исто време, пишува „Пејџ сикс“.

На крајот фоторепортерите истакнале дека Афлек сепак успеал да ја смири бидејќи на крајот од разговорот се насмеала. Сепак, медиумите пишуваат дека Афлек набрзо потоа направил судир, удирајќи во автомобилот пред него. Тие изјавиле дека бил нервозен и вознемирен.

Инаку, заедничкото излегување следеше неколку дена откако медиумите објавија дека Бен Афлек и неговата сегашна сопруга Џенифер Лопез изгледаат како да се скарале на роденденска забава.

За потсетување, Афлек и Гарнер беа во брак од 2005 до 2013 година, а официјално се разведоа во 2018 година. Заедно имаат три деца: ќерките Виолет (17) и Серафина (14) и синот Семјуел (11). Бидејќи нивните деца се малолетни, тие се трудат да одржуваат добри односи.

ФОТО | По интимните моменти со поранешната сопруга: Бен Афлек и Џенифер Лопез „уловени“ во жестока расправија

ФОТО | Бен Афлек во друштво на поранешната сопруга Џенифер Гарнер: Фатени во интимна прегратка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот