ФОТО: Белата куќа го објави божикниот портрет на Трамп, нешто не е во ред со неговата рака
Белата куќа го објави официјалниот божикен портрет на претседателот Доналд Трамп.
Препорачано
Вчера, кога беше претставена божикната декорација во Белата куќа, официјалниот профил на Белата куќа на „Икс“ објави:
„Повторно велиме Среќен Божик!“ Знаете, зашто под Бајден не смееше да го кажете тоа без да ве турнат“.
“We’re saying MERRY CHRISTMAS again!” – @POTUS 🎄🇺🇸 pic.twitter.com/TcfyP5h5Uc
— The White House (@WhiteHouse) December 1, 2025
Но, при зумирање на фотографијата станува очигледно дека раката на Трамп е во завој и прикриена со шминка.

Според „Јаху“, и покрај сета модерна технологија за обработка на фотографии, „ова очигледно била најблиската нијанса што успеале да ја добијат“.
Раката на Трамп изгледала слично и на претходниот состанок на кабинетот, одржан истиот ден, оној на кој, како што тврдеа некои присутни, претседателот накратко задремал. На тие снимки се гледа дека Трамп носел фластери преку модринката.
Објаснувањето што го понуди Белата куќа за повредата се покажа прилично невообичаено: модринката се појавила поради „преголем број ракувања“, бидејќи многумина сакале да му подадат рака на претседателот.
Шпекулациите околу здравјето на 79-годишниот Трамп одамна се бројни.
Иако формално се смета за здрав, не е изненадувачки што секоја ситница, поврзана со еден од најмоќните политичари во светот, предизвикува нови прашања, коментари и теории на заговор.
ФОТО | Трамп навреден од неговит портрет во Капитол во Колорадо: Најлошиот што сум го видел


