ФОТО | Балканските Дејвид и Викторија: Бекам сподели фотографија од српски инфлуенсер и неговата девојка

Фото: Instagram / dusannpetrovic

Познатиот српски инфлуенсер и фотограф Душан Петровиќ и неговата девојка Ема Лукетин, која исто така е инфлуенсерка, за Ноќта на вештерките се маскираа во Дејвид и Викторија Бекам, но не ни помислија дека нивната фотографија ќе го воодушеви и славниот фудбалер.

Инфлуенсерската двојка реши да се маскира во Викторија и Дејвид Бекам од денот на нивната венчавка, каде наместо во традиционалната бела боја, беа облечени во виолетов фустан и одело во иста боја.

Фото: Instagram / dusannpetrovic
Фото: Инстаграм / dusannpetrovic

„Бакнеж од Пош и Бекс“, напишаа Душан и Ема во описот на фотографиите на нивните инстаграм-профили.

Фото: Instagram / dusannpetrovic
Фото: Instagram / dusannpetrovic

Фотографијата за помалку од 24 часа над 40.000 лајкови, а го воодушеви и познатиот фудбалер кој реши да ја сподели на својот Инстаграм.

Фото: Притнтскрин / Инстаграм

Инаку, Душан Петровиќ е еден од најпознатите домашни фотографи, кој има работено со најголемите имиња од домашната забавна сцена. Покрај тоа, тој е и успешен инфлуенсер и има сопствен бренд за облека.

Последните месеци вниманието го привлекува со својот емотивен живот поради врската со инфлуенсерката Ема Лукетин од Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот