Фото: Милорад Стојмановски / Слободен печат

ФОТО: Авантурист ја отвори сезоната во Охрид, за малку ќе требаше и буквално да го крши мразот

На Охрид никогаш не му недостасувале авантуристи – и меѓу домаќините и меѓу гостите, а за тоа е доказ денешната сцена забележана во градот. Еден одважен мераклија се слече и заплови на својата даска, уживајќи во секој сончев миг и пркосејќи им на врвовите на Галичица, сè уште покриени со дебел снег.

Фото: Милорад Стојмановски / Слободен печат

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска во Охрид е измерена една од највисоките температури во државата денес, но тоа се сепак само 18 степени (минималната претходната ноќ била само 7 степени), па охриѓани, кои тоа најдобро го знаат, ќе ви кажат дека пред Велигден во секој случај е прерано за капење во езерото и за водени спортови.

Фото: Милорад Стојмановски / Слободен печат
Фото: Милорад Стојмановски / Слободен печат

Охрид утрешниот празник го дочекува преполн со посетители, а повеќето сместувачки капацитети во поширокиот центар на градот се исполнети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот