Арон и Сем Тејлор-Џонсон / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Арон Тејлор-Џонсон ја изненади својата 24 години постара сопруга со роденденско патување за паметење

Познатиот британски актер Арон Тејлор-Џонсон (35) ѝ приреди на својата сопруга, познатата режисерка Сем Тејлор-Џонсон, незаборавен роденденски викенд во Италија за нејзиниот 59-ти роденден.

Арон и Сем се вљубени како првиот ден и се среќно венчани од 2012 година. И покрај бројните коментари, бидејќи тој тогаш имаше 22 години, а таа 45, нивната љубов никогаш не била посилна.

Арон и Сем Тејлор-Џонсон / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Арон, сега ѝ подари на својата сопруга роденден за паметење во „Вечниот град“ на нејзиниот 59-ти роденден, кој беше на 4 март.

Двајцата споделија прекрасни моменти на Инстаграм. Арон објави фотографии од нив пред римски знаменитости со трогателната порака „Ти и јас… во Рим. Среќен роденден, љубов моја“.

Сем Тејлор-Џонсон / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Сем, исто така, одговори со серија фотографии, вклучувајќи ја и онаа на која нејзини сопруг среќно скока во воздух.

Ова е добро позната семејна традиција, а минатата година тој сподели фотографија од едно од нивните заеднички патувања со пораката: „Среќен роденден, убавице! Обожавам да го поминувам секој момент со тебе“.

Арон Тејлор-Џонсон / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Двојката се запознала во 2009 година за време на снимањето на дебитантскиот филм на Сем „Џон Ленон: Момчето кое не ветува“, во кој Арон ја играл музичката легенда. Тие се венчале три години подоцна и ги обновиле своите завети во 2022 година за нивната десетгодишнина.

Тие се родители на две тинејџерки: Вајлд, 15 години, и Роми, 14 години. Арон се грижи и за постарите ќерки на Сем, Анџелика и Џеси, од нејзиниот брак со уметникот Џеј Џоплинг.

Фото: Принтскрин / Инстаграм
Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Златниот пресек“ пресуди: Ова е најзгодниот славен маж на светот!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот