Фото: Инстаграм/„Архангел“

ФОТО | „Архангел“ сними видеозапис за „Дни оловни“ во култната шалтер-сала на Македонска пошта

Во пресрет на големиот концерт „Срцевина“, култната македонска група „Архангел“ најави и нов видеозапис за песната „Дни оловни“, снимен во еден од најпрепознатливите урбани симболи на Скопје – опожарената шалтер-сала на Македонска пошта.

Денеска тие споделија ексклузивни кадри од снимањето, откривајќи дел од атмосферата на новиот проект.

„Пепелта на скопската Пошта и тежината на ‘Дни оловни’. Ексклузивни кадри од снимањето на новиот видеозапис на ‘Архангел’. Суровата убавина и урбаната меланхолија на опожарената шалтер-сала станаа совршена сценографија за оваа визуелна приказна“, стои во нивната објава на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/„Архангел“
Фото: Инстаграм/„Архангел“
Фото: Инстаграм/„Архангел“
Фото: Инстаграм/„Архангел“
Фото: Инстаграм/„Архангел“
Фото: Инстаграм/„Архангел“
Фото: Инстаграм/„Архангел“

Видеозаписот, како што најавуваат, пристигнува наскоро.

Зад продукцијата стои „Наше Маало“, режијата е на Иво Антов, идејата и концептот ги потпишува Марко Стојановиќ, додека директор на фотографија е Кристијан Војдановски.

Да потсетиме, „Архангел“ ќе го одржи концертот „Срцевина“ на 13 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Специјални гости на концертот ќе бидат Васил Хаџиманов и неговиот бенд, како дел од новата музичка соработка меѓу Хаџиманов и фронтменот Ристо Вртев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот