ФОТО | Анџелина Џоли видена со ќерката која ретко се појавува во јавноста: Младата Вивиен е копија на Бред Пит

Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Новиот мјузикл на Анџелина Џоли е во завршна фаза пред премиерата, а сега оскаровката беше видена со своите колеги. Таа беше придружувана и од нејзината 15-годишна ќерка Вивиен Џоли Пит, чиј татко е Бред Пит.

Вивиен не се појавува често во јавноста, а многумина беа шокирани од фактот дека неверојатно наликува на својот славен татко. Анџелина и Вивиен всушност работеа заедно на филмскиот проект бидејќи тинејџерката се заинтересирала за театарот.

На фотографиите Анџелина носи црни затемнети очила со црна облека, а косата ѝ е пуштена, додека Вивиен е во лежерно издание со сива блуза.

Фото: TheImageDirect.com / The Image Direct / Profimedia

Инаку, Џоли е една од водечките продуценти на мјузиклот. Таа во интервју за „Пипл“ објасни дека Вивиен одлучила да учествува во проектот откако ја виде продукцијата на „Аутсајдери“ во Сан Диего.

„Вив ме потсетува на мајка ми бидејќи таа не е фокусирана на тоа да биде во центарот на вниманието, туку да дава поддршка за други креативци. Таа е многу внимателна и сериозна за театарот и работи напорно за да разбере како да придонесе“, рекла Џоли.

Инаку, филмот „Аутсајдери“  е за група тинејџери во рурална Оклахома која постојано е во судир со ривалска банда.

ВИДЕО | Неверојатна хемија: Бред Пит и Пенелопе Круз снимија краток филм за „Шанел“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот