ФОТО | Александра Пријовиќ провокативна како никогаш досега: Концертот го започна во тантела, па се појави во фустан со леопард принт
Александра Пријовиќ вчера го одржа четвртиот последователен концерт во Осиек, а ја чека уште еден. Гостинка на вечерта беше Ана Бекута, а младата српска пејачка беше пријатно изненадена во текот на вечерта бидејќи од публиката доби бројни подароци.
Препорачано
Но, она што на многумина им го привлече вниманието беше провокативниот изглед на пејачката. Имено, Александра на концертот се појави во можеби најпровокативното издание досега.

Таа го започна концертот во комбинезон од тантела, а потоа се појави во фустан со леопард принт од познатиот моден бренд „Долче и Габана“, кој го искомбинира со ракавици и чизми до колена со истиот дезен. Пријовиќ и во двете комбинации изгледаше шик и гламурозно.


Инаку, во текот на вечерта Пријовиќ од обожавателите во публиката доби и маица која веднаш ја облече врз комбинезонот, на која беше испишан текст на нејзина хит песна.

Целиот регион лудува по Александра Пријовиќ: За неколку месеци ќе наполни повеќе од 20 арени


